ФРАНЦИЈА СО ИСТОРИСКИ РЕКОРД ОД 52 ДЕНА ПОД ТОПЛОТНИ БРАНОВИ

Три топлотни бранови се регистрирани во Франција од средината на јуни, кои траеја рекордни 52 дена, според анализата на податоците на Метео Франс. Претходниот рекорд беше забележан во 2022 година, кога Франција имаше 33 дена топлотни бранови, додека зад тој резултат стоеше летото 2003 година, кога беа регистрирани 22 дена топлотни бранови, објавува телевизијата BFM. […]

ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ОПШТИНА ЛОЗОВО ДОБИ ПАРК „МАКЕДОНИЈА“

Општина Лозово изгради огромен парк „Македонија“ со околу 14 илјади метри квадратни, на чија површина го има осумкракото државно македонско знаме, а којшто ќе биде пуштен во употреба на 8 Септември. Градоначалникот на Лозово информира за МИА дека деновиве се работи на доуредување на површините и на озеленување на паркот. Тој вели дека глетката ќе […]

БРОЈНИ СТРАНСКИ ВОЗАЧИ НА ИЗЛЕЗОТ ОД МАКЕДОНИЈА ГИ ПЛАЌААТ КАЗНИТЕ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“

Странски возачи плаќаат казни од „Сејф сити“ на граничниот премин Табановце, каде денеска се создадоа редици од лица кои при излез од Македонија биле известени дека камерите претходно им регистрирале сообраќаен прекршок. На граничниот премин денеска има редици од странски возачи кои чекаат да ги подмират казните за прекршоци регистрирани од системот, објави Канал 5. […]

Без струја утре дел од Гази Баба

Без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците од Општина Гази Баба. -Поради исклучување од подземна мрежа – промена на довод до РО (150-240мм2) од Автокоманда 10, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од 16-та Македонска бригада зграда ВА влез 2,3 и 4, во Општина Гази Баба, соопшти РЦУК по добиено известување […]

Во Скопје на 20 и 21 август авионска, а од 23 до 26 август терестична дезинсекција против комарци

Град Скопје ги известува граѓаните дека во раните утрински часови на 20 и 21 август ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци, додека од 23 до 26 август ќе се реализира терестична дезинсекција на подрачјето на градот. Како што стои во соопштението, терестичната дезинсекција ќе се одвива во периодот од 22:00 до 03:00 часот наредниот […]

УЈП: ФЕР ТУРИЗАМ ЗАПОЧНУВА СО ПРИЈАВЕН ДОХОД

Запознавање на даночните обврзници со нивните законски обврски, навреме да го пријават доходот остварен од туризам и да го платат соодветно данокот е целта на денешната информативна средба на претставници на Управата за јавни приходи во Охрид со туристичкиот сектор во Охрид во рамките на кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“.  Целта на Управата, […]

КЛЕКОВСКИ: Мислам дека правиме максимум што можеме – четири смртни случаи, 36 потврдени и две веројатни случаи на западнонилска треска во државата

Заклучно со 18 август, според последните податоци на ИЈЗ, во земјава се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска – 36 потврдени и два веројатни, од кои 37 во скопскиот регион, а еден од Велес. Регистрирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за машки лица на возраст од 62 до […]

ОВА ЛЕТО ЕВРОПСКИТЕ МОРИЊА СЕ ПОТОПЛИ, во некои области температурата на водата е повисока за 6 степени

Европските мориња достигнаа извонредно високи температури ова лето, а климатските промени се главно одговорни за затоплувањето, заклучи меѓународен тим истражувачи во извештај. Температурите на површината на морето по речиси сите европски брегови се повисоки од просекот забележан помеѓу 1990 и 2020 година, при што западниот Медитеран и Иберискиот Полуостров се едни од најпогодените области. Температурите […]

ФРАНЦИЈА ВОВЕДЕ ПРАВО ЗА АСИСТИРАНО УМИРАЊЕ,  мнозинството француски граѓани ја поддржуваат легализацијата на медицински потпомогнатото завршување на животот

Францускиот претседател Емануел Макрон го прогласи законот со кој се воведува правото на асистирано умирање по години политичка и социјална дебата. Законот беше објавен денеска во „Службен весник“ и формално стапи во сила, а неговата практична примена ќе почне дури кога владата ќе ги донесе потребните прописи, објави „Фигаро“. Законот, што минатата недела беше прогласен […]

Од утре „Карпошово културно лето“ со музика, филм, изложби и детска програма

Од утре до 30 август, на повеќе локации низ Општина Карпош ќе се одржи годинашното издание на „Карпошово културно лето“, со десет фестивалски дена исполнети со музика, филм, изложби, детска програма, фолклор и современи културни содржини. Годинава, како што информираат од Општина Карпош, културните настани ќе се одржуваат на повеќе локации – од плоштадот „Делфина“ […]