Три топлотни бранови се регистрирани во Франција од средината на јуни, кои траеја рекордни 52 дена, според анализата на податоците на Метео Франс.
Претходниот рекорд беше забележан во 2022 година, кога Франција имаше 33 дена топлотни бранови, додека зад тој резултат стоеше летото 2003 година, кога беа регистрирани 22 дена топлотни бранови, објавува телевизијата BFM.
Оваа година, од средината на јуни, Франција доживеа три топлотни бранови брзо по ред, од кои првиот траеше 14 дена во јуни, вториот траеше 16 дена во јули, а третиот траеше 22 дена од крајот на јули, при што овој последен топлотен бран сè уште официјално не заврши. Од 17 јуни, имало само три дена помеѓу овие топли температури, а потоа осум дена одмор, со малку пониски температури.
Топлотен бран се прогласува кога максималната дневна температура на воздухот значително го надминува вообичаениот просек за тој период од годината и во период од најмалку пет последователни дена.
За време на топлотниот бран, кој траеше од 3 до 22 јули, се регистрирани околу 1.243 смртни случаи повеќе од очекуваното. Податоците беа објавени во среда од Министерството за здравство, врз основа на проценки од 5.000 општини и објавени од француските медиуми.
Фото Економија и бизнис








