СРБИЈА ЈА ЗГОЛЕМИ ВИСИНАТА НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

Владата на Србија донесе одлука за нивото на минималната плата за периодот јануари-декември 2027 година. „Минималната цена на работа, без даноци и придонеси за задолжително социјално осигурување, за периодот јануари-декември 2027 година изнесува 405 динари нето, по работен час“, се вели во одлуката на Владата на Србија. Предлогот на Владата беше да се зголеми вредноста […]

ИСТЕЧЕ КРИЗНАТА СОСТОЈБА СО ВОДАТА ВО ГОСТИВАР, изјави Стојанче Ангелов

Според последните анализи, водата во Гостивар е чиста и безбедна за пиење, а синоќа на полноќ истече и триесетдневната кризна состојба на територијата на општината, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. – Со истекувањето на кризната состојба, институциите од централната власт, вклучително и ЈП Водовод од Скопје се повлекуваат од […]

ДНЕВЕН БЕРЗАНСКИ ПРЕГЛЕД: ЦЕНАТА НА НАФТАТА НАДМИНА 93 ДОЛАРИ, златото со пониска вредност, поскапува пченицата

Европските берзански индекси денес остварија различни трендови, цената на нафтата од типот Брент надмина 93 долари за барел поради тензиите на Блискиот Исток, додека аналитичарите очекуваат објавување на записникот од претходниот состанок на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарната политика, како и податоци за трошоците за работна сила во Еврозоната во вториот квартал од 2026 […]

АВГУСТОВСКАТА  СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА Е ПОСКАПА ЗА 177 ДЕНАРИ

Вредноста на синдикалната минимална кошница за август 2026 година изнесува 68.675  денари, а споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за јули која изнесуваше 68.498 денари е зголемена за 177 денари – информира денеска Сојузот на синдкати на Македонија (ССМ).  За храна и пијалоци месечните трошоци изнесуваат 25.032 денари, за образование 7.192 денари, за облеја […]

ЛАГАРД: ЕВРОПСКИОТ МОДЕЛ НА РАСТ БАЗИРАН НА ЕВТИНА ЕНЕРГИЈА И ГЛОБАЛНА ТРГОВИЈА ГО ГУБИ ЗДИВОТ, иднината е во единствениот пазар

Европскиот повоен економски модел, кој се потпираше на отворена глобална трговија, евтина енергија и стабилен геополитички поредок под заштита на Соединетите Американски Држави, повеќе не функционира и веројатно никогаш нема да се врати во претходната форма, додека иднината е во единствениот европски пазар, изјави вчера претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, на состанокот […]

ОД ПРВИОТ МАНДАТ НА ТРАМП ЈАВНИОТ ДОЛГ НА САД СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА ДВОЈНО, притисокот врз буџетот се зголеми поради растот на трошоците за каматите

Вкупниот јавен долг на Соединетите Американски Држави (САД) за прв пат надмина 40 трилиони долари, според најновите податоци од Министерството за финансии на САД, кое ги обнови предупредувањата за зголемен притисок врз јавните финансии. Долгот достигна 40,047 трилиони долари во вторник, од кои 32,266 трилиони долари се должат кон инвеститорите и другите иматели на хартии […]

ЦЕНАТА НА ГАСОТ ВО ЕВРОПА НА РЕКОРДНО НИВО, европските залихи пониски во споредба со лани

Цената на природниот гас во Европа вчера се искачи на највисоко ниво од средината на март, додека ниските залихи во магацините се исто така проблем, кои во Германија се под 51 процент. Фјучерсите за испорака на гас во септември на берзата TTF  достигнаа 64,6 евра за мегават-час (MWh), а цената на гасот се зголеми за […]

ГЕРМАНИЈА ЗА ДЕФИЦИТАРНИТЕ ЗАНИМАЊА ЈА ПРОШИРУВА ЛИСТАТА НА ЗЕМЈИ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА СТРАНСКИ КВАЛИФИКАЦИИ

Германија се обидува да ја ублажи кризата поради недостатокот на квалификувана работна сила со увоз на работници, а за да ги отвори вратите уште повеќе за доаѓањето на имигранти на работа, признава сè повеќе странски квалификации, пишува денес ДПА. Минатата година, според официјалната статистика, германските власти одобриле 86.600 барања за признавање на странски квалификации. Тоа […]

ФРАНЦИЈА СО ИСТОРИСКИ РЕКОРД ОД 52 ДЕНА ПОД ТОПЛОТНИ БРАНОВИ

Три топлотни бранови се регистрирани во Франција од средината на јуни, кои траеја рекордни 52 дена, според анализата на податоците на Метео Франс. Претходниот рекорд беше забележан во 2022 година, кога Франција имаше 33 дена топлотни бранови, додека зад тој резултат стоеше летото 2003 година, кога беа регистрирани 22 дена топлотни бранови, објавува телевизијата BFM. […]

ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ОПШТИНА ЛОЗОВО ДОБИ ПАРК „МАКЕДОНИЈА“

Општина Лозово изгради огромен парк „Македонија“ со околу 14 илјади метри квадратни, на чија површина го има осумкракото државно македонско знаме, а којшто ќе биде пуштен во употреба на 8 Септември. Градоначалникот на Лозово информира за МИА дека деновиве се работи на доуредување на површините и на озеленување на паркот. Тој вели дека глетката ќе […]