СРБИЈА ЈА ЗГОЛЕМИ ВИСИНАТА НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

Владата на Србија донесе одлука за нивото на минималната плата за периодот јануари-декември 2027 година.

„Минималната цена на работа, без даноци и придонеси за задолжително социјално осигурување, за периодот јануари-декември 2027 година изнесува 405 динари нето, по работен час“, се вели во одлуката на Владата на Србија.

Предлогот на Владата беше да се зголеми вредноста на минималниот работен час од сегашните 371 динари на 405 динари, со што минималната плата во Србија би се зголемила од 64.554 динари (просек за 12 месеци) на 70.470 динари (600 евра), како и да се зголеми неоданочливиот дел од приходите од 34.221 динари на 37.369 динари, објавија медиумите во Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано