КИНЕЗИТЕ ГО ОТВОРИЈА „ПОЛАРНИОТ ПАТ НА СВИЛАТА“, превозот на стоки преку поморската арктичка рута се одвива за пократко време од транспортот преку Суецкиот канал

Кинескиот товарен брод „Дубаи Тауер“ исплови од пристаништето Нингбо-Џушан, отворајќи ја првата редовна линија од овој тип, која ќе носи стока во Европа преку „арктичката рута“ за двојно пократко време. Глобалното затоплување отвори можност оваа морска рута долга 7.400 километри, која минува покрај Гренланд, да стане „Суецкиот канал на 21 век“. Трамп го крена алармот […]
ГОЛЕМ ОДЛИВ НА ГОТОВИНА ОД РУСКИТЕ БАНКИ, граѓаните извлекуваат голема сума на готовина од банкарските сметки

Од руските банки во последните недели се забележува рекорден одлив на готовина, тренд што се совпаѓа со зголемувањето на нападите со беспилотни летала во Украина. Според податоците од Руската централна банка, објавени од „The Post“, само во првите две недели од август, граѓаните повлекле речиси 286,4 милијарди рубли, или околу 3,4 милијарди долари. Големи одливи […]
На 28 август обезбеден дополнителен превоз за сите верници и посетители до Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка

По повод Успението на Пресвета Богородица (28 август) за претстојната манастирска слава, ќе биде обезбеден дополнителен организиран превоз за сите верници и посетители до Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка. Покрај редовната автобуска линија бр. 60, ќе сообраќа и дополнителен автобус по потреба до Полициската станица Матка.Оттаму, посетителите ќе бидат преземани со минибус до […]
ШПАНИЈА ОД ЗАТЕМНУВАЊЕТО НА СОНЦЕТО ЗАРАБОТИ 350 МИЛИОНИ ЕВРА ОД АСТРОТУРИСТИТЕ, секој турист во просек потрошил 1.500 евра

Тоталното затемнување на сонцето на 12 август ѝ донесе на Шпанија 347,6 милиони евра и привлече речиси 446.000 туристи од странство, кои дојдоа да го набљудуваат овој астрономски феномен, објави шпанското Министерство за економија, трговија и економија. Странските туристи остварија приход од 247,3 милиони евра, додека домашните туристи потрошија 94,9 милиони евра, објавува РТВ Шпанија. […]
ПАД НА ВРЕДНОСТА НА АКЦИИТЕ НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОД ТЕХНОЛОШКИОТ СЕКТОР, стравот од инфлација влијаат на одлуките на инвеститорите

Акциите од технолошката индустрија гo предводат падот на американската берза, додека стравувањата од постојано висока инфлација и застој во преговорите меѓу САД и Иран ги зголемуваат цените на нафтата и приносите од државните обврзници Акциите на американските берзи денес паднаа поради силниот пораст на приносите од државните обврзници, како и падот на вредноста на производителите […]
ПОЖАРОТ ВО МАРИОВО СЕ ПРОТЕГА НА ОГНЕНА ЛИНИЈА ОД 20 КИЛОМЕТРИ

Пожарот во прилепскиот дел на Мариово, кој синоќа зафати делови од селото Чаниште, денеска околу пладне повторно се активирал поради засилениот ветер. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов изјави дека огнената линија во моментов се протега на околу 20 километри, и тоа од течението на Црна Река до врвот Маргаро. На терен […]
ОД КАМЕРА ОД БЕЗБЕДЕН ГРАД ВО ШПАНИЈА СЕ НАПЛАТЕНИ КАЗНИ ВО ИЗНОС ОД 19 МИЛИОНИ ЕВРА

Камерата што регистрирала најмногу прекршоци се наоѓа на автопатот А-7 во близина на градот Валенсија во Шпанија, а во 2025 година регистрирала 90.766 прекршоци за пребрзо возење. Ова значи дека ги казнува возачите на секои шест минути, што на шпанската држава ѝ донесе дури 18,9 милиони евра, објавува „Ел Индепендиенте“. Автопатот А-7 е еден од […]
ВО ГРЦИЈА СЕ ВРАТИЛЕ 98.000 ЛИЦА КОИ ЈА НАПУШТИЈА ЗЕМЈАТА ПО ФИНАНСИСКАТА КРИЗА, но програмата за враќање на младите научници доживеа неуспех

Обидот на Грција да ги врати врвните научници во земјата по големиот одлив од финансиската криза е во застој, откако амбициозната програма за пресврт на трендот на одлив на мозоци доживеа фијаско. Група професори кои се надеваа дека ќе ги вратат младите истражувачи преку многу рекламирана програма финансирана од ЕУ по долго време чекање дознаа […]
ПОЧИНА УШТЕ ЕДЕН ПАЦИЕНТ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА, вкупно четири лица починаа од западнонилска треска во земјава

Уште еден пациент во тешка здравствена состојба кај кого претходно лабораториски беше потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска почина на Универзитетската клиника за инфективни болести. Хоспитализирани се 20 пациенти со западнонилска треска од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, додека два случаја се водат клинички како суспектни. На интензивна нега се пет пациенти со потешка […]
НЕМА ДОГОВОР ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО СРБИЈА, синдикатот бара 650 евра минимална плата

Третиот состанок на Социјалниот и економски совет во Србија заврши без договор за минималната плата за 2027 година. Конечната одлука ќе ја донесе Владата на Србија, а се очекува дека тоа би можело да се случи веќе во четврток, 20 август. Претседателот на Сојузот на независни синдикати на Србија (СССС) Зоран Михајловиќ, изјави дека на […]