На 28 август обезбеден дополнителен превоз за сите верници и посетители до Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка

По повод Успението на Пресвета Богородица (28 август) за претстојната манастирска слава, ќе биде обезбеден дополнителен организиран превоз за сите верници и посетители до Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка.

Покрај редовната автобуска линија бр. 60, ќе сообраќа и дополнителен автобус по потреба до Полициската станица Матка.
Оттаму, посетителите ќе бидат преземани со минибус до најблиската пристапна точка до манастирот – информираат монахињите од Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка. 


Извор/фото МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано