Општина Битола ќе субвенционира трошоци за чистење оџаци во домаќинствата

 Општина Битола ќе субвенционира дел од трошоците за чистење оџак во домаќинствата, во фиксен износ до 1.500 денари по домаќинство.

Од Секторот за односи со јавност информираат дека целта е да се поттикне редовно одржување и чистење на оџаците во домаќинствата, намалување на емисиите на загадувачки материи во воздухот, спречување на појава на пожари и унапредување на безбедноста на домаќинствата, на жителите на Општина Битола.

Јавниот повик се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“ и завршува до искористување на  обезбедените финансиски средства.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано