Во пресрет на претстојните Новогодишни празници, Градот Скопје ги повикува граѓаните да се вклучат во манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“ и да ги украсат своите домови во духот на новогодишната магија. Пријавувањето почнува на 1 декември, а ќе трае до 21 декември.
Манифестацијата и оваа година има натпреварувачки карактер, односно Град Скопје и годинава ќе ги избере и ќе ги награди најдобрите во следните категории: најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа, најубаво новогодишно украсена тераса од стан, најубаво новогодишно украсен деловен/угостителски објект и најубав расказ од средношколците на тема новогодишни желби и празнувања.
-Јавниот повик „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“ почнува на 1 декември 2026 година и ќе трае заклучно со 21 декември 2026 година. Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат во овој јавен повик, потребно е да испратат фотографии од украсените домови, дворови или деловни/угостителски објекти, заедно со податоците за сопственикот (контакт телефон и адреса) на poddrshkanagradonachalnik@skopje.gov.mk, или по пошта на адресата булевар Илинден број 82, 1000 Скопје, со назнака – За манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“. На истата електронска адреса или по пошта треба да се испратат и литературните творби од средношколците – информираат од Град Скопје.
За сите дополнителни информации заинтересираните може да се обратат на телефонскиот број 02/3297 265, секој работен ден од 9 до 16 часот.
Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија составена од претставници на медиумите, кои ќе ги оценуваат и пристигнатите писмени творби на средношколците.
Град Скопје ќе обезбеди и ќе им додели пригодни награди за најуспешните учесници во сите категории.
Фото Економија и бизнис








