Поради уличен дефект, со прекинато водоснабдување во текот на денов ќе бидат улиците „Прашка“ и „Дамска“, дел од „Букурешка“, како и Гимназија и ОУ „Нова“, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Предвидено е водоснабдувањето да биде прекинато од девет часот до завршување на работните активности.








