ИНФЛАЦИЈАТА ВО САД РАСТЕ, АКЦИИТЕ ПАЃААТ ПОРАДИ ЗАДОЛЖЕНОСТА НА ТЕХНОЛОШКИТЕ КОМПАНИИ

Американските акции денес паднаа поради загубите во технолошкиот сектор и компаниите поврзани со вештачката интелигенција.

Инвеститорите реагираа на податоците за инфлацијата во Соединетите Американски Држави во септември, кои ги надминаа очекувањата на економистите, објави CNBC.

Индексот Dow Jones падна за 0,3 проценти, S&P 500 за 1,1 процент, а Nasdaq за 1,7 проценти.

Потрошувачките цени во САД се зголемија во септември за 0,6 проценти на месечна основа, додека годишната инфлација достигна 3,7 проценти, во споредба со очекуваните 3,6 проценти.

Основната инфлација, која не ги вклучува цените на храната и енергијата, беше 0,3 проценти на месечна основа и 2,6 проценти на годишна основа.

Цените на горивата остануваат високи, при што американските потрошувачи плаќаат просечно 4,34 долари (околу 3,75 евра) за галон бензин, во споредба со 3,08 долари (околу 2,66 евра) во истиот период минатата година.

Американската нафта WTI денес поскапе за околу еден процент, на приближно 95 долари (околу 82 евра) за барел.

Дополнително негативно влијание врз пазарот предизвикаа загриженоста за задолженоста на технолошките компании што инвестираат во развој на вештачка интелигенција, пренесува Еуроњуз.рс.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано