РУСИЈА ИМА ПОТРЕБА ОД 12 МИЛИОНИ РАБОТНИЦИ за да ги пополни новите работни места

Русија треба да вклучи околу 12 милиони луѓе на пазарот на трудот до 2032 година, со цел да пополни нови работни места и да ги замени вработените кои се пензионираат, изјави вицепремиерката на руската влада, Татјана Голикова.

Повикувајќи се на најновите податоци од руската статистичка служба Росстат, таа истакна дека стапката на невработеност во Русија е на рекордно ниско ниво од 2,2 проценти, додека бројот на вработени достигна 74,6 милиони, објави ТАСС.

Во Русија постои особено голем интерес за професии кои бараат професионални и практични вештини, а за нив моментално се огласени околу милион слободни работни места.

Таа забележува дека главната целна група за вклучување на пазарот на трудот ќе бидат младите луѓе.

Задачата на државата е да им помогне да ги стекнат потребните квалификации и да ја најдат својата прва работа, рече Голикова.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано