ГОЛЕМ ОДЛИВ НА ГОТОВИНА ОД РУСКИТЕ БАНКИ, граѓаните извлекуваат голема сума на готовина од банкарските сметки

Од руските банки во последните недели се забележува  рекорден одлив на готовина, тренд што се совпаѓа со зголемувањето на нападите со беспилотни летала во Украина. Според податоците од Руската централна банка, објавени од „The Post“, само во првите две недели од август, граѓаните повлекле речиси 286,4 милијарди рубли, или околу 3,4 милијарди долари.

Големи одливи се забележани и во претходните месеци. Во јули, од банките беа повлечени 7,3 милијарди долари, а во јуни, повеќе од 4,5 милијарди.

Александра Прокопенко, поранешна советничка на руската централна банка, верува дека обемот на подигнувањата го покажува степенот на недоверба кај граѓаните.

„Ова значи дека луѓето не веруваат ниту во руското банкарство, ниту во финансискиот систем“, рече Прокопенко. „Сето ова е последица на стравот дека властите би можеле да направат нешто со банкарскиот систем, односно дека би можеле да ги национализираат депозитите.“

Масовното повлекување готовина веќе создава проблеми со ликвидноста за некои руски банки, изјави поранешен висок функционер во рускиот финансиски систем за Вашингтон пост, пренесуваат медиумите во регионот.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано