Тоталното затемнување на сонцето на 12 август ѝ донесе на Шпанија 347,6 милиони евра и привлече речиси 446.000 туристи од странство, кои дојдоа да го набљудуваат овој астрономски феномен, објави шпанското Министерство за економија, трговија и економија.
Странските туристи остварија приход од 247,3 милиони евра, додека домашните туристи потрошија 94,9 милиони евра, објавува РТВ Шпанија.
Вкупно, настанот ѝ донесе на државата околу 146 милиони евра даночни приходи, а според проценката на Аналитичарите на финансискиот пазар (AFI), тој придонесе за создавање на околу 7.300 работни места со полно работно време.
Шпанија беше една од клучните дестинации за набљудување на целосното затемнување, а меѓу најбројните странски посетители беа туристи од Соединетите Американски Држави, Канада и Аргентина.
Британците беа предводници меѓу европските туристи, пред Французите и Германците, додека Јапонија беше еден од главните извори на туристи од Азија.
Меѓународните „астротуристи“ потрошиле просечно 1.501 евра по лице, без да се сметаат авионските билети, додека домашните посетители потрошиле просечно 336 евра.
Интересот е веќе насочен кон 2 август 2027 година, кога целосното затемнување ќе биде видливо во јужните делови на Шпанија, вклучувајќи ги Кадиз, Малага, Гранада и Алмерија.
На некои места, како што е Тарифа, хотелските капацитети за тој датум се веќе целосно резервирани.
Според проценките на AFI, комбинираниот ефект од следните две затемнувања, во 2027 и 2028 година, би можел да и донесе на Шпанија повеќе од една милијарда евра, со доаѓањето на околу 681.000 нови туристи, објави Бизнис.ба.
Фото Економија и бизнис








