ВО ГРЦИЈА СЕ ВРАТИЛЕ 98.000 ЛИЦА КОИ ЈА НАПУШТИЈА ЗЕМЈАТА ПО ФИНАНСИСКАТА КРИЗА, но програмата за враќање на младите научници доживеа неуспех

Обидот на Грција да ги врати врвните научници во земјата по големиот одлив од финансиската криза е во застој, откако амбициозната програма за пресврт на трендот на одлив на мозоци доживеа фијаско.

Група професори кои се надеваа дека ќе ги вратат младите истражувачи преку многу рекламирана програма финансирана од ЕУ по долго време чекање дознаа дека програмата нема да биде имплементирана.

Иницијативата за враќање на младите која ја иницираше владејачката конзервативна Нова демократија за пресврт на масовниот егзодус на научници и професионалци се состои од неколку шеми, како што е ослободување од данок на доход од 50 проценти во траење од седум години.

Според податоците на ОЕЦД, од 2021 година има зголемување на бројот на луѓе што се враќаат во Грција, а во 2023 година, за прв пат од почетокот на кризата, повеќе луѓе се вратиле отколку што заминале. Во периодот 2023-2024 година 69.000 граѓани ја напуштија Грција, а 98.000 се вратија.

Сепак, проблемот се научниците, а нивното незадоволство сега е предизвикано од проектот на грчката влада „Верувај им на своите ѕвезди“, програма за финансирање на истражувања вредна 80 милиони евра поддржана од фондот на ЕУ за закрепнување по пандемијата на ковид.

Истражувачките тимови беа поканети да достават предлози и 145 беа избрани од 1.241 апликанти. По неколку жалби, списокот на проекти што би можеле да добијат средства конечно беше објавен во јули минатата година. Повеќе од 200 од оние чии проекти не поминаа изразија загриженост во врска со процесот на евалуација, а некои се пожалија и до Канцеларијата на европскиот јавен обвинител.

Министерството за развој на почетокот на оваа година објави дека околу 40 милиони евра веќе се исплатени од програмата, а дека остатокот ќе биде исплатен до крајот на програмата на 31 декември 2029 година.

Според прелиминарните статистички податоци, трошоците за истражување во Грција се намалуваат и во 2025 година ќе се намалат на 1,27 милијарди евра или 0,51 процент од бруто домашниот производ од 1,3 милијарди во 2024 година, пренесува Н1.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано