РАБОТНИЦИТЕ СЕ НАЈЗАДОВОЛНИ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА ВО ИНДИЈА, работниците во Бугарија и Грција се на дното на листата

Индија е на прво место во светот по задоволството и радоста на вработените на работното место, со индекс од 73 поени, додека Јапонија е на последното место со 47 поени, според истражувањето „Глобален индекс на радост на работното место“ на Edenred, спроведено меѓу 17.450 вработени и 8.920 претставници на човечки ресурси од 27 земји.

Според резултатите од истражувањето, на второ место е Латинска Америка со 70 поени, додека на трето место се англосаксонските култури, меѓу кои се Велика Британија, САД и Австралија, со просек од 63 поени, што е светски просек.

Нордиските и германските земји, како и јужна Европа, добиваат по 62 поени, додека централна и источна Европа се оценети со 60 поени.

Меѓу поединечните земји, по Индија следуваат Мексико и Перу со по 72 поени, Бразил со 70, Чиле со 69 и САД со 68 поени.

На дното на листата, покрај Јапонија, се наоѓаат Португалија со 56, Словачка и Чешка со по 57, како и Бугарија и Грција со по 58 поени.

Истражувачите истакнуваат дека задоволството на вработените не е само прашање на добра атмосфера на работното место, туку дека е директно поврзано со продуктивноста, лојалноста на вработените и деловните резултати на компаниите.

Меѓу најважните фактори што придонесуваат за задоволството на вработените се бенефициите, можностите за професионален развој, признанието за постигнатите резултати и квалитетните односи со колегите и менаџерите, пренесува Телеграф.рс.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано