ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА НОВ ДАНОК ЗА БОГАТИТЕ ОД 2027 ГОДИНА, даночна стапка до 47 проценти

Од 2027 година, германската федерална влада го менува начинот на пресметување на таканаречениот данок за богатите. Претходната стапка од 45 проценти повеќе нема да важи само за многу високи приходи, туку системот ќе биде поделен на две нивоа. Првата промена е што прагот за даночната стапка од 45 проценти ќе се намали од сегашните 277.826 […]
Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата Водата на скопската територија е безбедна за пиење, покажал неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењ -, соопшти утрово Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Извештајот е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој од 10 до 14 август, зел 211 примероци за физичко-хемиска и 211 […]
ЦЕЛА ДРЖАВА ВО ЗОНА НА ВИСОК РИЗИК ОД ПОЖАРИ

Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на државата е во зона со висок ризик од пожари (портокалова боја). Исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден метеоролошки индекс на пожар (жолта боја), соопшти Центарот за управување со кризи. Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од […]
КАНАДА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВОЗВРАТЕН УДАР НА АМЕРИКАНСКИТЕ ЦАРИНИ ОД 50 ПРОЦЕНТИ

Канада се подготвува за нов бран американски царини од 50 проценти што треба да стапи на сила во среда, бидејќи преговарачите од двете земји се уште се далеку од постигнување договор за трговски договор. Новите царини ќе се применуваат на увоз од Канада во вредност од речиси 20 милијарди долари (околу 17,1 милијарди евра), што […]
ИЗГРАДБАТА НА ЅИДОТ НА ЈУГОТ НА ТЕКСАС Е СТАВЕНА НА „ПАУЗА“, одлука на администрацијата на Трамп

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека привремено ќе ја суспендира изградбата на контроверзниот граничен ѕид во Националниот парк Биг Бенд во јужен Тексас, сè додека раководителот на агенцијата што треба да ја надгледува работата не спроведе „проценка на терен“. Проектот наиде на жестоко противење од двете главни американски партии. Критичарите тврдат дека […]
МЕДИЦИНСКИ, ФИНКИ И ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ СО НАЈМНОГУ МЕСТА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА УКИМ, почнува првиот уписен рок

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување кандидати за запишување на студии во прва година. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за бруцоши во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, […]
ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА БАНКРОТИРАНИ ФИРМИ ВО ЕУ ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ

Бројот на регистрирани нови компании во Европската Унија се намали за 0,5 проценти во вториот квартал од 2026 година во споредба со претходните три месеци, додека бројот на банкроти се зголеми за 5,7 проценти, според податоците на Евростат. Пад на бројот на нови регистрации е забележан во пет од осум сектори на економијата, се забележува […]
ЦЕНИТЕ НА ПЧЕНИЦАТА БИ МОЖЕЛЕ ДА ПОРАСНАТ ДО 30 ПРОЦЕНТИ, проблемите во извозот на најголемите производители може да предизвика недостиг на пченица

Украина и Русија најверојатно ќе произведат и извезуваат помалку жито оваа година отколку во претходните години, што би можело да предизвика недостиг од повеќе од една четвртина од светските потреби, пишува украинскиот портал 24.ua. Русија и Украина се меѓу петте најголеми извозници на жито во светот, а на Чикашката берза, најважниот пазар на пченица во […]
ЕУФОРИЈАТА СО ВЛОЖУВАЊЕ ВО ВИ МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО ПАД НА ВРЕДНОСТА НА АКЦИИТЕ И РИЗИК ЗА ЕКОНОМИЈАТА, предупредување од ЕЦБ

Европската централна банка (ЕЦБ) во текст објавен денес на својот блог предупредува дека огромниот ентузијазам на инвеститорите кон вештачката интелигенција може да доведе до силна корекција, односно до пад на вредноста на акциите. Банката забележува дека денешните високи цени на акциите поврзани со ВИ, особено на американската берза, носат ризик сличен на оној што постоел […]
ПОЖАР ЗАФАТИ КУЌИ ВО ПРИЛЕПСКОТО СЕЛО ЧАНИШТЕ

Огнот навлезе во делови од прилепското село Чаниште, а според првичните информации, пламените јазици зафатиле неколку стари и напуштени куќи, како и најверојатно една населена куќа. Информацијата попладнево ја соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во вонредна изјава за состојбата со пожарите. Според него, пожарот се проширил кон делови од населеното […]