ПОЖАР ЗАФАТИ КУЌИ ВО ПРИЛЕПСКОТО СЕЛО ЧАНИШТЕ

Огнот навлезе во делови од прилепското село Чаниште, а според првичните информации, пламените јазици зафатиле неколку стари и напуштени куќи, како и најверојатно една населена куќа. Информацијата попладнево ја соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во вонредна изјава за состојбата со пожарите. Според него, пожарот се проширил кон делови од населеното […]
ВО АЛБАНИЈА НАЈБРОЈНИ ТУРИСТИ СЕ ОД КОСОВО, бројот на странски туристи во јуни се зголемил за 20,6%

Според податоците на Националниот институт за статистика (ИНСТАТ), бројот на странски посетители кои престојувале во сместувачките капацитети во јуни, во Албанија, изнесувал 445.846, што е зголемување за 20,6% во споредба со истиот месец минатата година, додека вкупниот број на посетители се зголемил за 17%. Бројот на ноќевања се зголеми за 9,8% на годишно ниво. Ноќевањата […]
ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ЗНАЧИТЕЛНО ГИ НАМАЛИЈА ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО САД

Германските компании ги намалија своите инвестиции во Соединетите Американски Држави на најниско ниво за три години во првата половина од 2026 година, според пресметката на Институтот за германска економија (IW) врз основа на податоците од Бундесбанк. Како причина за намалување на инвестициите се политиките на администрацијата на Доналд Трамп кои ја зголемуваат неизвесноста во трговските […]
МЗШВ: Од Турција се обезбедени 500.000 вакцини за сипаници кај овците

Од Република Турција се обезбедени 500.000 дози вакцина против сипаници кај овците како донација, кои се очекува да пристигнат деновиве, а до Европската комисија е доставено барање за дополнителни количества – соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) по денешната прес-конференција на Сојузот на одгледувачите на овци и упатениот апел за преземање итни мерки […]
НОВО НЕДЕЛНО ПОСКАПУВАЊЕ НА ДИЗЕЛОТ И БЕНЗИНИТЕ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 4,50 денари, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 6,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 6,00 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Литар ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе чини 91,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава […]
ТАЈНИТЕ ИСПОРАКИ НА НАФТА НИЗ ОРМУСКАТА ТЕСНИНА НАДМИНА 4 МИЛИОНИ БАРЕЛИ, денешен раст на цената на нафтата

Нафтата од Блискиот Исток се транспортира сè повеќе низ Ормуската Теснина преку тајна шема. Суровата нафта се пренесува од помали бродови до големи танкери што чекаат во Оманскиот Залив, додека бродовите ги исклучуваат своите транспондери додека минуваат низ теснецот за да го отежнат следењето на нивните движења. Обемот на вакви испораки веќе надмина четири милиони […]
ТРИ СМРТНИ СЛУЧАИ ОД ВИРУСОТ НА ЗАПАДНО-НИЛСКА ТРЕСКА, во моментов 35 потврдени случаи

Во Македонија има 35 потврдени случаи и три суспектни на западно-нилска треска, кои се во процес на дијагностицирање, а шестмина се во критична состојба и се наоѓаат на интензивна нега на Инфективна клиника. Од потврдените случаи, најголем дел се згрижени во Клиниката за инфективни болести, а еден пациент е згрижен во приватна здравствена установа, информира […]
ВО БЕЛГРАД НАЈСКАПИОТ СТАН Е ПРОДАДЕН ЗА 1,6 МИЛИОНИ ЕВРА, само 15 отсто од прометот во недвижности во Србија е платен со кредити

Пазарот на недвижности во Република Србија во вториот квартал од 2026 година покажува зголемување на пазарната вредност од 8,1 процент и намалување на бројот на трансакции од 5,4 проценти во споредба со истиот период од претходната година. Податоците покажуваат дека во општина Савски Венец е продаден стан за 1,6 милиони евра, додека цената на најскапиот […]
ИТАЛИЈАНСКИТЕ УГОСТИТЕЛИ ПРЕТРПУВААТ ЗАГУБИ ПОРАДИ ЖЕШТИНИТЕ, Италијанците го избегнуваат излегувањето на традиционален вечерен аперитив

Поради екстремната жештина, луѓето во Падова, како и во другите италијански градови, сè помалку излегуваат на традиционалниот аперитив навечер. Наместо да седат на терасата помеѓу 18:00 и 19:00 часот со пијалок и да се дружат пред вечера, многумина остануваат во климатизираните соби. Ова сериозно ги погодува угостителите, за кои токму тие рани вечерни часови традиционално […]
РАБОТНИЦИТЕ МАСОВНО ЗАМИНУВААТ ОД ИСТОЧНА ГЕРМАНИЈА, ЕДНА ОД ПРИЧИНИТЕ Е ПОВРАТНАТА МИГРАЦИЈА ВО ПОЛСКА И ДРУГИ ЗЕМЈИ

Источна Германија е изложена на ризик од понатамошни масовни загуби на работна сила доколку продолжи егзодусот на вработените. Oд 2023 до 2025 година, источните покраини на Германијаизгубиле околу 141.000 работници со германско државјанство, додека уделот на вработените без германски пасош се зголемил за 90.000, според извештајот на Институтот за германска економија (IW), објави ДПА. Институтот […]