ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ЗНАЧИТЕЛНО ГИ НАМАЛИЈА ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО САД

Германските компании ги намалија своите инвестиции во Соединетите Американски Држави на најниско ниво за три години во првата половина од 2026 година, според пресметката на Институтот за германска економија (IW) врз основа на податоците од Бундесбанк. Како причина за намалување на инвестициите се политиките на администрацијата на Доналд Трамп кои ја зголемуваат неизвесноста во трговските односи меѓу двете земји.

Директните инвестиции на германските компании во Соединетите Американски Држави, се намалија за речиси две третини во споредба со истиот период минатата година, на 4,3 милијарди евра, што е најниско ниво од 2023 година, според пресметките на ИВ.

Во споредба со истиот период во 2024 година, ова претставува пад од речиси 80 проценти, според извештајот базиран на податоци од германската централна банка.

Ова го продолжува трендот на намалување што е видлив од почетокот на вториот мандат на Доналд Трамп во јануари 2025 година.

Откако се врати на функцијата, Трамп им се закани на повеќето меѓународни трговски партнери на САД со царини за увоз, обидувајќи се да обезбеди отстапки што би биле од корист за Вашингтон.

Европската Унија минатата година преговараше за трговски договор што вклучуваше ветување од 600 милијарди долари инвестиции во САД со цел да се избегнат високи царини за извозот во САД.

Во петте години пред пандемијата Ковид-19, германските компании инвестираа просечно 15,8 милијарди евра во САД во првата половина од годината, покажаа податоците, што е речиси четири пати повеќе отколку во првата половина од 2026 година, пренесува Тпортал.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано