Според податоците на Националниот институт за статистика (ИНСТАТ), бројот на странски посетители кои престојувале во сместувачките капацитети во јуни, во Албанија, изнесувал 445.846, што е зголемување за 20,6% во споредба со истиот месец минатата година, додека вкупниот број на посетители се зголемил за 17%.
Бројот на ноќевања се зголеми за 9,8% на годишно ниво. Ноќевањата на странски посетители се зголемија за 9,2%, додека ноќевањата на локалните жители за 11,8%.
Најголем раст е забележан во крајбрежните области, каде што во јуни се регистрирани 323.426 странски посетители – зголемување од 27,4% во споредба со 253.867 минатата година. Бројот на посетители во не крајбрежните области се зголеми за 5,7% или 122.420.
Хотелите и други сместувачки капацитети примија 401.836 странски посетители, во споредба со 336.226 во јуни 2025 година. Исполнетоста на хотелските соби исто така се зголеми, достигнувајќи 41,3% – зголемување од 1,8 процентни поени во споредба со минатата година.
Најбројни се од Косово 15% од странските посетители, по што следуваат Италија со 14% и Полска со 13%. Франција и Германија по 7%, додека посетителите од други земји ги сочинуваа преостанатите 44%.
Извор МИА
Фото Економија и бизнис








