Огнот навлезе во делови од прилепското село Чаниште, а според првичните информации, пламените јазици зафатиле неколку стари и напуштени куќи, како и најверојатно една населена куќа.
Информацијата попладнево ја соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во вонредна изјава за состојбата со пожарите.
Според него, пожарот се проширил кон делови од населеното место, поради што состојбата на терен е сериозна.
„Огнот навлезе во делови од прилепското село Чаниште. Според првичните информации, зафатени се неколку стари напуштени куќи и најверојатно една населена куќа. Добро е тоа што нема повредени жители ниту пожарникари“, информира Ангелов.
Засега нема информации за повредени лица, ниту меѓу жителите, ниту меѓу пожарникарите кои учествуваат во гаснењето, пренесуваат медиумите во Македонија.
Фото Економија и бизнис








