ИЗГРАДБАТА НА ЅИДОТ НА ЈУГОТ НА ТЕКСАС Е СТАВЕНА НА „ПАУЗА“, одлука на администрацијата на Трамп

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека привремено ќе ја суспендира изградбата на контроверзниот граничен ѕид во Националниот парк Биг Бенд во јужен Тексас, сè додека раководителот на агенцијата што треба да ја надгледува работата не спроведе „проценка на терен“.

Проектот наиде на жестоко противење од двете главни американски партии. Критичарите тврдат дека ѕидот ја загрозува животната средина и дека дивината и оддалеченоста на оваа област ги одвраќа мигрантите и шверцерите од поминување.

Родни Скот, раководителот на Царинската и граничната заштита (CBP), која е задолжена за изградбата на ѕидот, изјавидека доаѓа во Тексас за да ја направи проценката.

„CBP привремено ги суспендира сите градежни активности во Националниот парк Биг Бенд додека јас го посетувам и спроведам лична проценка на лице место“, рече Скот, пренесува Данас.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано