Во Скопје на 20 и 21 август авионска, а од 23 до 26 август терестична дезинсекција против комарци

Град Скопје ги известува граѓаните дека во раните утрински часови на 20 и 21 август ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци, додека од 23 до 26 август ќе се реализира терестична дезинсекција на подрачјето на градот.

Како што стои во соопштението, терестичната дезинсекција ќе се одвива во периодот од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите – стои во соопштението.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано