Странски возачи плаќаат казни од „Сејф сити“ на граничниот премин Табановце, каде денеска се создадоа редици од лица кои при излез од Македонија биле известени дека камерите претходно им регистрирале сообраќаен прекршок.
На граничниот премин денеска има редици од странски возачи кои чекаат да ги подмират казните за прекршоци регистрирани од системот, објави Канал 5.
Податоците што МВР ги достави во јули покажаа дека само од 2 февруари до 31 мај системот „Безбеден град“ регистрирал 33.722 прекршоци направени со возила со странски регистарски таблички. Во тој период за нив сè уште немаше воспоставен механизам за директна наплата, па странските возачи практично можеа да ја напуштат Македонија без санкцијата да биде реализирана, објавија денеска македонските медиуми.
Поголемиот број возила што денес се појавуваат на Граничниот премин Табановце се должи на тоа што е прв ден од примената на механизмот за постапување со странските возила за кои системот „Безбеден град“ евидентирал сообраќајни прекршоци, а во постапката се опфатени и претходно евидентираните прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од денес, при излез од Македонија преку Табановце, се постапува и со возачите на возила со странски регистарски таблички, за кои системот претходно регистрирал сообраќаен прекршок на територијата на државата. објави Скопје1.мк
Фото Економија и бизнис








