Барселона ќе биде домаќин на Реал Мадрид вечер со почеток во 21 часот во 10. коло на шпанската Ла Лига.
Каталонците победија на седум од последните осум „Ел Класико“ и е фаворит на дуелот против Реал.
Обложувалниците ја третираат Барселона како јасен фаворит за претстојниот натпревар со коефициент 1,65. Нерешено е 5,70, додека победа на Реал Мадрид е 4,00.
Со ваквите прогнози не се согласува голманот на „Кралевите“ Тибо Куртоа.
– ПСЖ покажа дека Барселона не е непобедлив тим. Сепак знаеме дека ПСЖ е најсилниот тим во последните две години и одиграа одличен натпревар против Барселона. Очекуваме тежок натпревар. Секако, знаеме дека сме способни да победиме. Но, „Ел Класико“ е секогаш многу посебен натпревар, различен од натпревар од Лигата на шампионите. Мораме да излеземе на терен, да се обидеме да победиме и да ја намалиме бодовната разлика со Барселона, рече Куртоа.
Реал Мадрид е трет на табелата во шпанското првенство со 21 бод. Барса е прва со 27 бода.
фото: ФБ ФК Барселона








