Економскиот факултет – Скопје и Развојната банка потпишаа меморандум за соработка

Економскиот факултет – Скопје и Развојната банка на Северна Македонија потпишаа Меморандум за деловно-техничка соработка, со кој се отвораат можности за посилно поврзување на академската заедница со финансискиот сектор и за унапредување на практичната едукација на студентите.

Меморандумот беше потпишан во рамки на работната средба меѓу деканот на Економскиот факултет – Скопје, проф. д-р Мијалче Санта, и главниот извршен директор на Развојната банка, д-р Ефимија Димовска. На средбата биле разгледани можностите за продлабочување на институционалната соработка и создавање услови студентите да стекнуваат практични знаења и професионални искуства.

Соработката предвидува практична едукација и студентски ангажмани, стручни работилници и настани, реализација на заеднички проекти, како и вклучување професионалци од Банката во активности за пренесување применливи знаења и искуства. Со ова партнерство, двете институции поставуваат основа за посилна врска меѓу образованието и практичните потреби на финансискиот сектор.

Повеќе од истиот автор

Најчитано