Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

​Уставните измени секогаш ќе не потсетуваат на капитулантската политика на претходната влада на СДСМ и ДУИ, тоа што тие го прифатија. Ние се бориме, нема да отстапиме од борбата која што се однесува за македонските национални интереси, но исто така и нема да отстапиме од нашата стратешка цел, а тоа е да бидеме дел од европското семејство, онаму каде што припаѓаме – изјави премиерот Христијан Мицкоски по Самитот на Берлинскиот процес што се одржа денеска во Црна Гора. 

Тој вели дека за она што со децении било создавано, а распродадено преку ноќ, потребно е време за да се исправи.

– Понекогаш се чудам кога ќе слушнам високи функционери од поранешната влада, посебно СДСМ кои што велат „добро, ние бевме влада, сега вие сте влада, до каде сте со европската интеграција и европскиот процес?“ Вие бевте влада, ни оставивте тон тежок на грбот којшто ние треба сега да го носиме и да го исправаме и тие очекуваат дека ние преку ноќ тоа што со децении било создавано тие го распродадоа преку ноќ ќе го исправиме и ќе го вратиме во некој нормален тек, тоа така не оди – рече Мицкоски.

Премиерот подвлече дека треба време и оти „нема да отстапиме од борбата којашто се однесува за македонските национални интереси, но исто така и нема да отстапиме од нашата цел стратегиска, а да бидеме дел од европското семејство, онаму каде што припаѓаме“.

– И за таа цел и за да ја видиме вистинската намера и цел на сите стејкхолдери во процесот, ние велиме добро, предуслов за се, дури и утре да се случи промена на Уставот е, ајде најпрвин да го договориме Акцискиот план за малцинствата, во којшто 26 земји членки јасно велат дека немаме проблем, една земја членка вели дека имаме проблем. Ајде ние со таа земја членка да седнеме и да договориме да видиме да го направиме тој документ да биде прифатлив за сите 27 земји членки, па потоа во втора фаза да зборуваме што е тоа што ние како влада го очекуваме, а што е тоа што треба ние како влада да го испорачаме, бидејќи овој документ, Акцискиот план за малцинства е документ којшто е предуслов за да продолжиме во процесот на преговори – нагласи Мицкоски.

Премиерот ги отфрли тезите на опозицијата што се однесуваат на оваа област. – Ги отфрлам сите оние тези од опозицијата, добро тие не се сега власт, ние сме, да точно, ама кога бевте власт толку ја ограбивте, ја пониживте државата што ние во овие 24-5 месеци не можеме сето тоа да го повратиме. Да повраќаме, дел од тоа повраќаме, се бориме, жилови сме, упорни сме и ќе продолжиме да се бориме. Но се она што тие го распродадоа и испокрадоа и уништија, ние за жал за овие 24-5 месеци не можеме, но она кое што за нас е цел, а тоа е кое што го повторувам јас многу пати во моите изјави до сега е дека денес Македонија е многу подобра место за живеење од тоа што беше при три години и тоа во услови на епска светска криза кога голем дел од државите во светот се борат за да преживеат – кажа Мицкоски.

Мицкоски ја предводеше македонската делегација на Самитот што се одржува во Свети Стефан, Црна Гора, на кој се разговараше за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската Унија.  

Повеќе од истиот автор

Најчитано