Општество
Нова пумпа за прочистување на Дојранското Езеро
11.02.2026
Нова колекторска пумпа денеска е поставена во близина на плажата Калдрма во населеното место Нов Дојран. Надлежните најавуваат подобра работа на колекторскиот систем за прочистување на езерските води.
- Ова е прва од неколкуте пумпи што ќе се постават на потегот од Нов до Стар Дојран, соопшти Јавното комунално претпријатие „Комуналец - Полин“ од Дојран.
Од претпријатието очекуваат да се реши проблемот со одведување на отпадните води до колекторската станица во Дојран.
Извор/фото Економија и бизнис