Бизнис

ШВАЈЦАРИЈА ЦЕЛОСНО ГО ОТВОРИ ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ ЗА ХРВАТСКИТЕ РАБОТНИЦИ

Хрватските граѓани кои доаѓаат да работат во Швајцарија повеќе нема да подлежат на квоти, објавија од  швајцарската влада.

На почетокот на 2022 година, Швајцарија го отвори својот пазар на труд за работници од Хрватска, кои се изедначија со другите граѓани на земјите-членки на Европската Унија. Сепак, во 2023 година, таа воведе преодни мерки за пристап на хрватските граѓани на својот пазар на труд за период од една година, а воведе и систем на квоти за издавање работни дозволи за Хрватите.

Во ноември 2024 година, Федералниот совет одлучи да ги укине квотите во 2025 година. Меѓутоа, во случај приливот на хрватски работници да надмине одреден праг, Швајцарија би можела да ја активира таканаречената „заштитна клаузула“ и повторно да воведе ограничени квоти за издавање работни дозволи во 2026 година.

Министерството додаде дека го поздравува постигнувањето на целосна еднаквост на хрватските граѓани со другите земји-членки на Европската Унија и Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА) во пристапот до швајцарскиот пазар на трудот.

Во 2025 година, хрватските граѓани сочинуваа два проценти од вкупната имиграција од ЕУ и ЕФТА, а тие се главно вработени во индустрискиот, здравствениот, трговскиот и градежниот сектор, се вели во соопштението на швајцарската влада, пренесува Сеебиз.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано