Бизнис
МНОГУ РАБОТОДАВАЧИ ВО ГЕРМАНИЈА ОДБИЛЕ ДА ИСПЛАЌААТ МИНИМАЛНА ПЛАТА, најчести прекршувања имало во угостителскиот сектор
16.02.2026
Илјадници работодавачи во Германија одбија да ја исплатат минималната плата во 2025 година, соопшти единицата за финансиска контрола за непријавена работа откако инспекцијата на околу 25.000 фирми откри дека речиси еден од четири работодавачи не ги регистрирал своите работници. Инспекцијата откри дека прекршувањата на законот за минимална плата биле особено чести во угостителската индустрија, објави „Шпигел“.
Единицата за финансиска контрола за непријавена работа изврши контрола во 25.765 деловни субјекти низ Германија во 2025 година и отвори постапки во 6.121 случаи за сомневање за прекршување на законот за минимална плата. Се нагласува дека се покренати повеќе од 500 постапки против превозни компании, градежни компании и фризерски и козметички салони. Постапки беа покренати и против работодавачи во областа на такси превозот, продавниците за алкохол и безбедносните услуги.
Минатата година месечната бруто минимална плата во Германија за вработен со полно работно време изнесуваше 2.161 евра, пренесува НИН.
Фото Економија и бизнис