Економија
РЕГИОН ВО БУГАРИЈА СО НАЈВИСОК РЕАЛЕН РАСТ НА БДП ВО ЕУ
11.02.2026
Реалниот бруто домашен производ (БДП) се зголеми во 169 региони на Европската Унија во 2024 година во споредба со периодот од пред една година, објави Евростат.
Статистичкиот завод на ЕУ додава дека намалувањето на БДП е забележано во 64 европски региони.
Регионот со најголем раст на реалниот БДП беше Јужен Централен во Бугарија, со зголемување од 11,6 проценти, по што следуваат Источен и Мидленд во Ирска (8,5 проценти) и Северен Централен, исто така во Бугарија (8,4 проценти).
Најголем пад на реалниот БДП е забележан во Југоисточниот регион, исто така во Бугарија, со пад од 12,7 проценти, по што следуваат Јужниот регион во Ирска (5,5 проценти) и Реунион, прекуокеански регион во Франција (3,7 проценти).
Највисок регионален БДП по глава на жител, изразен во стандарди на куповна моќ (PPS), е забележан во регионот Источен и Мидлендс во Ирска, со 268,3 проценти од просекот на ЕУ.
Потоа следуваат Луксембург (244,6 проценти), Јужна Ирска (216,6), потоа Хамбург во Германија (196,1) и Прага во Чешка (191,8).
Високиот БДП по глава на жител во Луксембург и Прага делумно може да се објасни со големиот прилив на туристи, како и со присуството на големи мултинационални компании во регионите Исток и Мидлендс, како и во Јужна Ирска, пренесува Еуроњуз.
Фото Економија и бизнис