Финансии / Банкарство

ДОЛАРОТ ЗАЈАКНА ПО НОМИНАЦИЈАТА НА НОВИОТ ГУВЕРНЕР НА ФЕД

На глобалните валутни пазари, минатата недела доларот зајакна во однос на кошничката валути, по две неделен пад, како резултат на нестабилноста на пазарите на капитал.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шест главни валути, зајакна за 0,55 проценти минатата недела, на 97,68 поени. Доларот зајакна за 0,3 проценти во однос на европската валута, при што еврото се лизна на 1,1815 долари.

Американската валута зајакна и во однос на јапонскиот јен, за 1,6 проценти, при што доларот се искачи на 157,20 јени. Американската валута најмногу зајакна во однос на јапонскиот јен. Јенот е под притисок додека јапонските гласачи се упатуваат кон гласачките места во недела за да изберат нов долен дом на парламентот.

Растот на доларот се должи и на неодамнешната номинација на Кевин Ворш, поранешен гувернер на Федералните резерви, за нов претседател на американската централна банка, кога мандатот на Џером Пауел ќе истече во мај.

Инвеститорите се убедени дека Ворш нема да се насочи  кон намали„агресивно“ намалување на  каматните стапки, со оглед на тоа што инфлацијата во САД останува на повисоки нивоа.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО