Бизнис
НОВИОТ ЗАКОН ВО ГРЦИЈА ЌЕ ГО ПОСКАПИ ИЗНАЈМУВАЊЕТО НА АПАРТМАНИ ЗА ТУРИСТИТЕ
06.02.2026
Новиот закон за изнајмување недвижности во Грција, кој стапи на сила на 1 октомври 2025 година, ќе ги зголеми и цените за изнајмување за 10 до 20 проценти.
Ана Павлица Мајоров, сопственичка на агенцијата за недвижности „Роман риел естејт“ од градот Переја во близина на Солун, вели дека поскапувањето е првенствено резултат на големите трошоци за сертификација на становите за изнајмување.
- Трошоците што сопствениците ќе ги имаат за целиот процес на сертификација на становите се околу 600 евра. Tие ќе мора да ги регистрираат становите и да плаќаат данок на живеење и 15 проценти данок на закупнина секој месец. Кога сè ќе се собере, генерално нема да им останат ниту половина од парите за изнајмување. Ако сè уште издаваат преку некоја платформа како Букинг или преку некоја агенција, и таму им се намалува профитот. Затоа некои сега одлучуваат да продаваат станови - истакнува соговорничката на Курир.
Според неа, новиот грчки закон за изнајмување недвижности, предвидува едно приватно лице да има право да изнајми до два стана, не повеќе, бидејќи во спротивно мора да се регистрира како компанија, што спаѓа во категоријата за странци.
Зголемувањето на цената на изнајмување станови беше под влијание и на повисоките трошоци за одржување и работна сила.
Александар Сеничиќ, директор на Здружението на туристички организации на Србија, потврдува за Курир дека цената на пакетите за одмор во Грција ќе биде поскапа за 10 до 12 проценти оваа година.
Фото Економија и бизнис