Економија

Со кои акции беше реализиран повеќе од 70 % од вкупниот промет на Македонската берза минатата недела?

Неделен извештај за периодот 09.02.2026 – 13.02.2026г.

Минатата недела, во периодот од 09.02.2026 – 13.02.2026 година на Македонската берза на хартии од вредност на официјалниот пазар и на редовен пазар беше остварен вкупен промет од 132,6 милиони денари или околу 2,1 милиони евра.

72,1 % од овој промет беше реализиран преку акциите на Комерцијална банка АД Скопје. Се истргуваа вкупно 3 368 акции за 95,6 милиони денари или околу 1,55 милиони евра.

Втори најтргувани акции измината недела беа акциите на Алкалоид Скопје со вкупен промет од 13,7 милиони денари или околу 222,8 илјади евра (10,3 % од вкупниот промет). Потоа следуваа акциите на Макпетрол Скопје со 7,9 милиони денари или околу 128,6 илјади евра (5,9 % од вкупниот промет).
Во топ 5 акции според прометот изминатата недела беа уште и акции на Македонски Телеком со 5,4 милиони денари или околу 88,7 илјади евра и акциите на Стопанска банка Скопје со промет од 2,3 милиони денари или 37,6 илјади евра.

Во однос на цената, најголемо зголемување на вредноста минатата недела имале акциите на РЖ Техничка контрола Скопје од 14,57 %, Македонски Телеком Скопје 3,4 % и на Реплек Скопје од 0,56 %.

Намалување пак на вредноста изминатата недела бележиме кај акциите на Адинг Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и Комерцијална банка Скопје. Цената на нивните акции се намали за 5,59 %, 0,6 % и 0,45 %, соодветно.

Во анализираниот период се реализираа три блок трансакција. Во првата се истргуваа 26 506 акции на Млекара АД Битола во износ од 7,3 милиони евра. Во втора блок транскакција се истргуваа 200 акции на НЛБ Банка за 187,9 илјади евра. И во последната блок транскакција се истргуваа 182 акции на Реплек за 46,3 илјади евра.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано