Вести
Се укинува дискреционото право на директорите при избор за вработување медицински кадар во јавното здравство
11.02.2026
Собранието, денеска, во рамките на 84. седница ги донесе законот за дополнување на Законот за здравствената заштита и законот за ратификација на дополнителниот протокол кон Конвенцијата за договорот за меѓународен патен превоз на стоки (CMR) за електронски товарен лист, усвоен во Женева на 20 февруари 2008 година.
Со законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, кој се носеше по скратена постапка, се укинува дискреционото право на директорите при избор за вработување медицински кадар во јавното здравство.
Во решенијата предвидени во Законот за здравственатата заштита ќе се овозможи ефикасна примена на начелата на потребата од стручност и компетентност за работните позиции за кои кандидатот конкурирал и ќе се овозможи избор на најдобриот кандидат за вработување во здравствените установи, а со тоа ќе се врати довербата во здравствените институции и ќе се дестимулира одливот на дефицитарен медицински кадар од државата, објави МИА.
Фото Економија и бизнис