Lifestyle

Вештачка интелегенција користат 45,4 проценти од младите во земјава, во ЕУ 63,8 отсто

Алатки за генерирана вештачка интелеганција (ВИ) во Македонија користат 45,4 отсто од младите на возраст од 16 до 24 години, што е под европскиот просек од 63,8 проценти, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.

Во ЕУ, вештачката интелеганција најмногу ја користат младите во Грција (83,5%), во Естонија (82,8%) и во Чешка (78,5%). Најнизок процент е забележан во Романија (44,1%), Италија (47,2%) и Полска (49,3%).

Меѓу земјите во нашиот регион, пак, ВИ користат 65,4 проценти од младите во Босна и Херецеговина, 58,2 во Хрватска, 50 во Бугарија и 47 отсто во Србија. 

И во ЕУ и кај нас, младите до 24 години речиси двојно повеќе користат ВИ во однос на општата популација на возраст од 16 до 74 години.

Младите луѓе употребуваат ВИ најчесто за приватни цели - 44,2%, за помош во образованието - 39,3%, а за професионална потреба 15,8%.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано