Јапонија гледа можност за продлабочување на економската соработка со Западен Балкан во услови на зголемена геополитичка неизвесност и потреба од диверзификација на глобалните синџири на снабдување. Ова го истакнува јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара, во интервјуто за Економија и бизнис, според која зависноста од една земја или регион, како во снабдувањето со ресурси така и во пласманот на производите, претставува сериозен ризик.
„Премногу ризично е да зависиме од една земја или еден регион, без разлика дали станува збор за снабдувач или за пазар“, посочува Кавахара.
Таа објаснува дека Јапонија, како високоиндустријализирана земја со ограничени природни ресурси, има посебен интерес за стабилно снабдување со суровини и непречено функционирање на глобалната трговија, особено поморскиот транспорт, преку кој се реализираат повеќе од 99 проценти од нејзината надворешна трговија со стоки.
Во актуелните околности, јапонската влада и деловната заедница работат на диверзификација на изворите на природни ресурси и пазарите, како и на воспоставување партнерства во различни региони.
„Западен Балкан може да се смета за потенцијален нов партнер. Би било идеално доколку успееме да го претвориме сегашниот предизвик во нова можност за двете страни, преку воспоставување меѓусебна доверба и создавање придобивки за сите вклучени страни“, истакнува јапонската амбасадорка.
Целото интервју можете да го прочитате на ЛИНКОТ








