Помошникот на рускиот претседател и шеф на руската делегација на преговорите во Абу Даби,Владимир Медински, денеска изјави дека Русија и Украина постигнале договор за нова голема размена на затвореници за време на дводневните разговори во ОАЕ и дека конкретните услови за размена ќе бидат објавени наскоро.
Тој пред новинарите во Абу Даби изјави дека за време на преговорите меѓу Русија, САД и Украина било покренато хуманитарно прашање, објавија руските медиуми.
„Во принцип, се согласивме за нова голема размена на затвореници, чии конкретни параметри ќе бидат објавени во блиска иднина“, рече Медински.
Преговорите меѓу делегациите на Русија, САД и Украина завршија порано денеска во Абу Даби.
Сите делегации го напуштија местото на состанокот во придружба на полициски возила.
Преговорите се одржаа зад затворени врати, без присуство на медиумите.
Извор МИА








