Податоците во третиот квартал од 2026 година покажуваат дека пазарот на недвижности во нашата држава и понатаму бележи значителна економска активност, но со намалена динамика кај купопродажбите.
Во овој период се регистрирани 7.679 трансакции, што претставува намалување од 8,2 % во споредба со претходниот квартал. Забележан е пад на бројот на купопродажби од 12,1 % во однос на претходниот квартал, додека кај бројот на закупи има раст од 2,8 %.
Вкупната финансиска вредност на пазарот изнесува 339 милиони евра и е намалена за 3,6 % во споредба со претходниот квартал. Од нив, 337,8 милиони евра се однесуваат на купопродажбите со пад од 3,6 %, а 1,1 милион евра на закупите со пад од 10,2 %.
Особено интересен е податокот за пазарот на станови, кој покажува намалување на продажбата на станови за 14 %, а нивната вкупна финансиска вредност е намалена за 6 % во споредба со предходниот квартал. Кај закупите забележан ераст на бројот на закупени станови од 45 %, и зголемување на вкупната месечна закупнина за 31 % во споредба со претходниот квартал.
Податоците покажуваат дека бројот на продадени станови во третиот квартал е намален за 14%, додека нивната вкупна финансиска вредност паднала за 6% во споредба со вториот квартал.
Во овој квартал највисока цена од 3.121 евро на становите е постигната во општина Карпош каде што за стан од 41 квадратен метар се платени 128.000 евра.
Најскапо продаден стан кај инвеститор, е со големина од 63 квадратни метри, а за него сопственикот платил околу 200.000 евра.
Извор Агенција за катастар на недвижности
Фото Економија и бизнис








