ХУМАНИТАРНИ ЧЕКОРИ И БЕЗБЕДНОСНИ ГАРАНЦИИ ЗА УКРАИНА ТЕМИ НА ПРВИОТ ДЕН ОД ПРЕГОВОРИТЕ ВО АБУ ДАБИ, објави Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека за време на првиот ден од трилатералните преговори меѓу Украина, Соединетите Американски Држави и Русија во Абу Даби, биле разгледани хуманитарни чекори, ослободување на затвореници, безбедносни гаранции за Украина и мерки за деескалација.

Во објава на Телеграм, Зеленски изјави дека претходно е одржан состанок на украинската делегација со европски и американски партнери, по што следеле трилатерални разговори.

Тој го оцени трилатералниот формат како „конструктивен и значаен“.

– Разговаравме за потребата и можните параметри на хуманитарните чекори. Ослободувањето на затворениците е приоритет. Детално разговаравме за содржината на безбедносните гаранции за Украина и основата на нивното долгорочно функционирање – изјави Зеленски, пренесува Укринформ.

Според него, потребно е да се воспостават конкретни механизми што би спречиле повторување на војната, а беше разговарано и за потребата од преземање чекори за деескалација.

Зеленски додаде дека му дал на украинскиот преговарачки тим јасни насоки за продолжување на дијалогот, како во трилатералниот формат што ќе продолжи утре, 11 ноември, така и во разговорите со претставници на американскиот претседател и европските земји.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано