САД БИ МОЖЕЛЕ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ ДО 400.000 ХУМАНОИДНИ РОБОТИ ГОДИШНО ДО 2030 ГОДИНА, ова се проценките на инвестициска банка

Производството на хуманоидни роботи во Соединетите Американски Држави би можело да достигне помеѓу 300.000 и 400.000 единици годишно до 2030 година, а околу 1,5 милиони до 2035 година, процени инвестициската банка JP Morgan.

Ширењето на употребата на хуманоидни роботи го поттикнува недостатокот на работна сила, подобрувањето на економичноста на нивната примена и растот на производствените капацитети. JP Morgan гледа најголем потенцијал за нивно воведување во производството, логистиката и складирањето, каде што би можеле да преземат повторувачки задачи.

Според анализата на банката, проширувањето на производството е ограничено од достапноста на хардвер, податоците за обука на системи за вештачка интелигенција и компјутерскиот капацитет, како и од способноста на производителите да го зголемат обемот на производство.

Повеќето американски компании од овој сектор, моментално сметаат на годишно производство од 10.000 до 30.000 роботи. Банката проценува дека трошоците за користење на хуманоидни роботи се приближуваат до трошоците за човечки труд и дека нивната примена во повеќе смени би можела да донесе заштеди од околу 100.000 долари годишно по корисник, пренесува Еуроњуз.рс.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано