Финансии / Банкарство
МИЛИЈАРДЕРИТЕ ОД АЗИЈА ГО СЕЛАТ КАПИТАЛОТ ОД ДУБАИ! - благодарение на процутот на пазарот на недвижности Дубаи стана привлечна инвестициска дестинација
07.03.2026
Нападите од Иран и војната на Блискиот Исток ја разнишаа довербата на инвеститорите во ОАЕ, а богатите Азијци брзо ги префрлаат парите и средствата од Дубаи во финансиски центри како што се Сингапур и Хонг Конг.
Многу богати Азијци се распрашуваат или веќе преземаат слични потези за да ги префрлат своите средства од Дубаи во регионални финансиски центри како Сингапур и Хонг Конг. Советниците и адвокатите од финансиската индустрија велат дека војната меѓу САД и Израел против Иран го поткопува статусот на Заливот како „безбедно засолниште“ и ги вознемирува инвеститорите.
Иако богатите инвеститори обично ги диверзифицираат своите инвестиции според регионот и видот на средствата, тие избираат каде да го базираат својот бизнис врз основа на даночни, регулаторни, приватни и оперативни фактори. Во последниве години, Дубаи се профилираше како омилен центар за претприемачи и богати семејства од Азија, особено Кина, кои беа привлечени од неговите поволни политики. Покрај тоа, благодарение на процутот на пазарот на недвижности и инфраструктурата, Заливот стана привлечна инвестициска дестинација, пренесува Б92.
Фото Економија и бизнис