Финансии / Банкарство

ММФ: Скок на цените на нафтата од 10 проценти ќе ја зголеми глобалната инфлација за 0,4 процентни поени и ќе го намали економски раст

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денес изјави дека зголемувањето на цените на нафтата од 10 проценти што би траело една година би ја зголемило глобалната инфлација за околу 0,4 процентни поени и би го забавило економскиот раст за 0,1 до 0,2 проценти.

Во изјава за Блумберг на маргините на конференцијата „Азија 2050“ во Бангкок, Георгиева истакна дека светската економија досега покажала неверојатна отпорност со стапка на раст од 3,3 проценти, но дека новите конфликти на Блискиот Исток ја ставаат таа отпорност пред нов предизвик.

Таа предупреди дека заштитните механизми на многу земји се „истрошени“ по претходните економски шокови.

Георгиева изјави дека ММФ моментално има програми со околу 50 земји и е подготвен да ги прошири постојните аранжмани или да започне нови доколку глобалната неизвесност дополнително се зголеми.

Таа апелираше до владите внимателно да го следат движењето на цените и девизните курсеви, како и да ги обноват фискалните резерви во периоди на поволен економски раст, со цел да бидат подобро подготвени за идните шокови, пренесува Еуроњуз.


 

 Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано