Бизнис

Трамп: Не сум загрижен за зголемувањето на цените на бензинот поради војната со Иран, бензинот во САД поскапе за седум проценти

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека не е загрижен за зголемувањето на цените на бензинот во земјата поради војната со Иран, велејќи дека зголемувањето е помалку важно во однос на поширокиот контекст на конфликтот.

„Немам никаква загриженост за тоа. Тие ќе паднат многу брзо кога ќе заврши ова, а ако се зголемат, ќе се зголемат, но ова е многу поважно од мало зголемување на цените на бензинот“, рече Трамп во интервју за Ројтерс.

Според агенцијата, војната со Иран доведе до зголемување на цените на бензинот за околу 20 центи за галон, или за седум проценти за неколку дена.

Трамп додаде дека нема планови да ги користи Националните стратешки резерви на нафта, најголемите резерви за итни случаи во светот складирани во подземни пештери за сол во Луизијана и Тексас.

Тој, исто така, изрази увереност дека Ормутскиот теснец ќе остане отворен за пловидба, наведувајќи дека иранската морнарица е на „дното на морето“, пренесува Блиц.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано