Бизнис

Претставување на ресорт и спа Аурора

Здружение на угостителството и туризмот

Економија и бизнис | печатено издание | февриари 2023г.

Почнувајќи како туристичка Агенција за дојдовен (incoming) и појдовен (outgoing) туризам, продолжувајќи со инвестиции во хотелски комплекс, ресорт и спа (Берово), па во ресторанско работење и хотелски објект од висока категорија за сместување и одржување конгресни активности во рурална средна (Козјак), компанијата Аурора станува систем кој функционира во повеќето потдејности во рамките на секторот туризам и угостителство со позитивен импакт во туризмот во државава преку секој од овие сегменти.


Во своето дејствување во дојдовниот туризам, Аурора турс работи со туристи од повеќе земји, но доминантно со германски туристи кои се сериозни потрошувачи и чиј престој во Северна Македонија се ефектуира со добар позитивен девизен ефект.
Во Берово, Аурора преку својот ресорт и спа комплекс ѝ дава соодветна димензија и на оваа туристичка дестинација во сите четири сезони од годината. Над 50 % од гостите во Берово се странски гости. Поради големиот интерес, Аурора најавува нов објект до постојниот хотелски комплекс. Атрактивноста на ресортот добива и друга димензија и сè почесто станува место за организирање на луксузни настани, приватни забави на странски гости, што исто така влијае на девизниот прилив од туризмот во нашава држава, но и подигнување на атрактивноста на локално ниво на Берово како туристичка дестинација. А дека Аурора влијае на подигнување на вредноста на дестинацијата на локално ниво говори и фактот што изминатиов период има сериозни, континуирани инвестиции во луксузни вили и комплекси за туристи со над 400 кревети од висока класа што, освен Берово, позиционира и поголем дел од Источна Македонија на атрактивната туристичка мапа како дестинација.


Кампањата надвор од Македонија Аурора ја прави преку сопствено маркирање на дестинацијата со фокус на гости од соседните земји, каде што сè уште има потенцијал за проширување и зголемување на обемот на туристи, но не помалку важни се и туристите од други земји пошироко од регионот, кои имаат интерес да ја посетат Источна Македонија која не е доволно препознаена како потенцијална туристичка дестинација во државава и покрај интересот на странските гости.
Освен индивидуални вложувања во маркетинг на дестинацијата, голема поддршка на препознавање на угостителските понуди на Аурора се и наградите кои ги добива компанијата, пред сè, на настани во регионот (Белград, Софија и сл.) каде што во присуство на медиуми и известување од настаните се прави сериозна кампања преку презентирање на наградените субјекти.

ПРЕПОРАЧАНО