Економија

ВО ГЕРМАНИЈА ПРИФАТЕН ПЛАНОТ ЗА ШТЕДЕЊЕ, се укинуваат надоместоци за невработените и додатокот за државјанство

По неколкучасовните преговори што завршија во раните утрински часови, коалициската влада на Германија постигна договор за серија мерки за оживување на економијата која се соочува со повеќемесечна криза. Мерките за стабилизирање на економијата и зачувување на работните места вклучуваат финансиски стимулации за пензионерите кои сакаат да продолжат да работат, како и построги правила за корисниците на системот за долгорочна невработеност.

Според постигнатиот договор, долгорочните парични надоместоци за невработените ќе бидат намалени за 30 отсто ако корисникот пропушти два последователни состаноци во службата за вработување, а во случај на трето отсуство - целосно ќе го изгуби правото на помош.

Ако 100.000 луѓе го напуштат системот на долгорочна невработеност благодарение на стимулациите што ја прават работата попрофитабилна од невработеноста,  заштедите би биле околу една милијарда евра.

Значајна мерка е укинувањето на додатокот за државјанство и  планирани се нови бонуси за електрични автомобили, како и уште три милијарди за изградба на патишта и железнички мрежи.

„Додатокот за државјанство е историја“, рече лидерот на ЦСУ, Маркус Седер. Во иднина, оваа придобивка ќе се нарекува „основен приход“. Се предвидува и воведеувањето на „активна пензија“, која има за цел да ги привлече постарите работници да продолжат да работат. Оние кои ќе ја искористат можат да заработат дополнителни 2.000 евра месечно без данок откако ќе ја достигнат возраста за пензионирање.

Според канцеларот, ова ќе биде одобрено од кабинетот следната среда, а мерката ќе се применува од 1 јануари 2026 година. Сепак, само работниците кои се обврзани да плаќаат придонеси за социјално осигурување ќе имаат право на ова поволност. 


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано