Финансии / Банкарство
Кустурица: Иднината на банкарството е хибридна – дигитална, но управувана од човекот
09.10.2025г
Во годината кога Штаермеркише Шпаркасе групацијата одбележува два века постоење, претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, г. Санел Кустурица, во интервју за Економија и бизнис, зборува за иднината на банкарството, за визијата и стратегијата на банката, како и за дигиталната трансформација што ќе ја обележи новата ера на финансиските услуги.
„Иднината на банкарството е хибридна. Таа ги комбинира традиционалната доверба и стабилноста со современи, персонализирани совети, иновации и дигитални платформи,“ вели Кустурица, нагласувајќи дека банките стануваат вистински партнери на клиентите, кои не само што обезбедуваат финансиски услуги, туку и советодавна поддршка и финансиска едукација.
Тој потенцира дека Шпаркасе Банка, како дел од групација со 200 години традиција и европска стабилност, ќе продолжи да инвестира во дигитална трансформација, зелено финансирање и развој на луѓето.
„Технологијата се менува, но довербата и човечкиот допир остануваат основа на нашата работа,“ додава Кустурица.
Целото интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК