Lifestyle
Маската „Весела фарма“ е најдобрата на прилепскиот карневал „Прочка“
22.02.2026
Групната маска „Весела фарма“ на учениците од ОУ „Добре Јованоски“ е добитник на Гран при наградата на годинашниов прилепски карневал „Прочка 2026“.
Според стручното жири, добитници на наградите на детскиот карневал што се одржа вчера се маските: првото место е за маската „Од цветот на знаењето се раѓа медот на успехот“ на учениците од ОУ „Кочо Рацин“, торото место е за „Шах-Мат“, маска на учениците од ОУ „Рампо Левката“, а третото место на Детскиот карневал го освои маската „Јинг Јанг“ на учениците од ОУ „Кире Гаврилоски Јане“.
Во категоријата возрасни групни маски, најдобри беа маските „Пепелашка на карневал“ на студиото „Зодијак“, „Прилепска златна кралица“ на учениците од средното училиште „Ѓорче Петров“и маската „Врховниот совет на смарагдите“ на Здружение за развој и едукација.
Според жирито, најдобри поединечни се маските „Gothic girl“ на Мидеа на детскиот фестивал и „Puxelstar“ на Мила Спиркоска во категоријата возрасни.
На прилепскиот карневал „Прочка“ учествуваа околу 500 маскирани од земјава и странство. Традиционално предводеа прилепските мечкари кои одбележуваат преку 100 годишна традиција.
Извор/фото МИА