Економија

ВИСОКИТЕ КИРИИ ГО СПРЕЧУВААТ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НА ГЕРМАНИЈА, последици од станбената криза

Високите кирии станаа едни од најголемите социјални и економски проблеми во Германија.  Растечките трошоци за домување во големите градови не само што влијаат врз домаќинствата со пониски приходи, туку и сериозно го загрозуваат економскиот раст и мобилноста на работната сила,  се наведува во извештајот објавен  од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Кириите врз основа на постари договори за закуп се зголемија со умерено темпо од 2013 година, но цените во новите договори за закуп скокнаа за дури 75 проценти во истиот период, создавајќи голем јаз на пазарот.

Граѓаните со пониски приходи се најранливи, бидејќи мора да издвојат речиси 50 проценти од својот приход за закуп во нови договори за закуп. Спротивно на тоа, некои станари во Берлин, Минхен или Хамбург плаќаат 30 до 50 проценти помалку кирија од домаќинствата што изнајмуваат сличен стан според нови договори.

Поради пониските цени за закуп, граѓаните одбиваат да се преселат одлучуваат да  останат во стари, поевтини станови, што доведува до неефикасно користење на просторот за домување и намалена мобилност на пазарот на трудот.

Од страната на понудата, ситуацијата е дополнително влошена од високите трошоци за изградба, зголемувањето на цените на земјиштето и административните пречки.

„Доколку политиката за домување не се модернизира и не се прилагоди на пазарните реалности, зголемувањето на кириите може да се претвори од социјален во структурен проблем на германската економија“, предупредува Оливер Фалк претставникот на ИФО, пренесува Б92.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО