Бизнис

ХРВАТСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ СТРАВУВААТ ЗА СВОЈАТА КОНКУРЕНТНОСТ, ЕУ го намалува буџетот за земјоделскиот сектор

Според најавите од Брисел, во следниот буџетски период учеството на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) би се намалило за повеќе од 20 проценти и би паднало на историски минимум на 15 отсто од европскиот буџет. Доколку најавите се остварат, Хрватска би останала без околу 1,3 милијарди евра за земјоделство за седум години.

За земјоделците, европските пари досега беа клучни за развој и модернизација на хрватското земјоделско производство.

Земјоделецот Маријо Пушкариќ од Канишка Ива одгледува 700 хектари со компири, кромид и лук и вели дека не би бил конкурентен без финансиската помош од ЕУ.

- Благодарение на поддршката од ЕУ, успеавме значително да го зголемиме производството, да ги намалиме трошоците и да станеме конкурентни. Сето ова благодарение на тие инвестиции, рече тој.

Хрватските земјоделци стравуваат дека намалувањето на европските пари ќе ги погоди силно сточарите и земјоделските производители. Со помала финансиска помош ќе биде доведено во прашање опстојувањето на фармите за одгледување на крави, пренесува Сеебиз.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО