Финансии / Банкарство

Со кои акции беше реализиран повеќе од половина од вкупниот промет на Македонската берза минатата недела?

Неделен извештај за периодот 06.10.2025 – 10.10.2025 г.

Минатата недела, во периодот од 06.10.2025 – 10.10.2025 година на Македонската берза на хартии од вредност на официјалниот пазар беше остварен вкупен промет од 80,4 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.

Повеќе од половина или 51,4 % од овој промет беше реализиран преку акциите на Комерцијална банка АД Скопје.

Втори најтргувани акции измината недела беа акциите на Макпетрол Скопје со вкупен промет од 18,7 милиони денари или околу 305,4 илјади евра (23,3 % од вкупниот промет). Потоа следуваа акциите на Алкалоид Скопје со 5,2 милиони денари или околу 85,5 илјади евра (6.5 % од вкупниот промет).

Во топ 5 акции според прометот изминатата недела беа уште и акции на Стопанска банка Скопје со 4,1 милиони денари или околу 67,4 илјади евра и акциите на Прилепска Пиварница Прилеп со промет од 3,9 милиони денари или 64,9 илјади евра.

Според количината на истргувани акции, најтргувани акции минатата недела беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 1521 акции, Стопанска банка Скопје со 1482 и Македонски Телеком Скопје со вкупно 1070 истргувани акции.

Во анализираниот период се реализираа три блок трансакција во износ од 1,13 милиони евра со акциите на Макпетрол Скопје преку кои се истргуваа вкупно 596 акции, како и една блок трансакција со акциите на Комерцијална банка АД Скопје во која се истргуваа 356 акции во вредност од 157,4 илјади евра.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано